„Фестивалот во Кан е прослава на кинематографската уметност“, рече лани фестивалскиот директор Тиери Фремо. „Ние постоиме за да го презентираме новото пишување, новите жанрови и новите визуелни иновации на нашето време. Секоја година во Мај, Кан создава еден вид на фотографски спомен – и привремен, и траен, кога ќе се земат во предвид годините – од тоа од што се состои уметноста на филмот“.
Ама да летнеш со џет на француската ривиера и да учествуваш на фестивалот не е ни многу поразлично од идеален одмор – Канскиот фестивал е всушност 11-дневна журка со фенси сместување, филмски премиери секој ден и коктели и вечери секоја вечер.
И од едното, и од другото, во следниве историски фотографии од Канскиот филмски фестивал:
Шварци го промовира документарецот Pumping Iron во 1977 година.
Били Боб Торнтон на премиерата на „Bad Santa“, во 2004-та.
Бред Пит го „придржува“ Квентин Тарантино на премиерата на „Inglorious Basterds” во 2009-та. Дејвид Боуви позира на Кан во 1978 г.
Ѕвездите парадираат по улиците, на првиот Кански фестивал, во 1946 година.
Актерот Гери Купер опколен со фанови на фестивалот во 1953.
Џек Блек пристигнува со брод и неколку панди, на премиерата на „Kung Fu Panda“, во 2008-ма.
Џони Деп и Иги Поп на Кан во 1997. Иги ја компонираше музиката за првото режисерско деби на Деп – „The Brave“.
Кирк Даглас и Мартин Шин на 32-рите фестивалски награди во 1979 година.
Натали Портман и Џорџ Лукас се зезаат пред камера на премиерата на „Star Wars – Episode III: Revenge of the Sith“ во 2005-тата.
Квентин Тарантино и Брус Вилис на премиерата на Pulp Fiction во 1994.
Роберт Де Ниро и Софија Лорен со наградите од 1983 г.
Роберт Редфорд со режисерот Сидни Полак, позираат со пијанистот Артур Рубинштајн и неговата сопруга Нела, во 1972 година.
Том Хенкс на премиерата на „The Ladykillers“ на Коенови, во 2004-та.
Том Хадлстон и Тилда Свинтон, на Кан во 2013-та, за „The Only Lovers Left Alive“.
Ворен Бити и Натали Вуд во 1962.