Низ Дунав пловеле 100.000 евра

ВИЕНА, австриската полиција се обидува да открие како повеќе од 100.000 евра стигнале во раката  Дунав.

Парите лебдеа во реката во апоени од 100 и 500 евра.

Од полицијата соопштија дека досега не се утврдени незаконски дејствија во областа каде што се пронајдени парите.

Австрискиот весник „Остерјах“ известува дека еден млад човек ги забележал парите во текот на викендот и влегол во реката  за да ги земе.

Очевидците мислеле дека сака да се самоубие и повикале полиција, кога пристигнале и го виделе младото момче како собра пари од реката. Сега тој се обидува да добие дел од  парите.

„Младиот човек кажал дека сакал да ги донесе парите во полиција, но прашање е дали полицијата ги пронашла парите или младиот човек“, вели портпаролот на виенската полиција.

Во Австрија, секој што ќе најде пари и ќе ги однесе во полиција, добива пет до десет проценти од пронајденото количество и има право на целосен износ ако не се најде сопственик во рок од една година.

 

- Реклама -