Нинџа Ибрахимовиќ (видео)

Нема повеќе непоразени екипи во француското првенство откако ПСЖ загуби дома од Сент Етјен со 2:1. Но, на поразот во голема мера сами на себе си кумуваа фудбалерите на ПСЖ.

Најпрво Сакхо во 55. минута си постигна автогол, а 16 минути подоцна Златан Ибрахимовиќ реагираше со „кунг-фу“ потег кон противничкиот голман по што заработи црвен картон. Гостите тоа умешно го искористија за значајна победа против големиот ривал.

- Реклама -