Откако Нил деГрас почна да се меша во филмови, пола интернет му порача да си ја гледа својата тезга – науката, додека другата половина – да се меша уште повеќе. Првите го замразија зашто додека не се појави тој (прв пат фама се крена кога искоментира за „Gravity“), тие што немаат детално познавање од науката (физиката, пред сé) не ги забележуваа пропустите и уживаа во филмовите. Вторите го засакаа затоа што не го контаат концептот на фантастика/фикција и сметаат дека сé во научно-фантастичните филмови треба да биде како по учебник.
Нил деГрас, во меѓувреме, мува не го лази. Него му е забавно да мрчи, а и нас да го читаме. Најнова мета му е Game of Thrones.
I thought the frozen dead dudes couldn’t swim, but aside from that…
— Neil deGrasse Tyson (@neiltyson) September 24, 2017
„Мислев дека тоа смрзнатите мртви дечки не знаат да пливаат, ама освен тоа…“
Bad Physics in #GameOfThrones: Pulling a dragon out of a lake? Chains need to be straight, and not curve over hill and dale. pic.twitter.com/VIJlIuDz3L
— Neil deGrasse Tyson (@neiltyson) September 24, 2017
„Лоша физика во Game of Thrones. Извлекуваш змеј од езеро? Синџирите треба да се прави (затегнати), а не закривени преку ридовите“.
Good Bio-Physics in #GameOfThrones: The Dragon Wingspans are sensibly large, as their body weight would require for flight. pic.twitter.com/gzD5wI38u5
— Neil deGrasse Tyson (@neiltyson) September 24, 2017
„Добра биофизика во Game of Thrones. Распонот на крилата на змејовите е доволно голем, колку што е потребно за лет со тежината на нивното тело“.
The sensibly large wingspan of Dragons in #GameOfThrones contrasts with aerodynamically useless wings of Renaissance cherubs. pic.twitter.com/I8L8ILBtUu
— Neil deGrasse Tyson (@neiltyson) September 24, 2017
„За разлика од аеродинамично-бескорисните крила на ренесансните ангели“
Good Biology in #GameOfThrones: As in #LordOfTheRings, Dragons forfeited their forelimbs to make wings, like birds & bats. pic.twitter.com/pguBe6rosQ
— Neil deGrasse Tyson (@neiltyson) September 24, 2017
„Добра биологија во Game of Thrones. Како и во Lord of the Rings, змејовите се откажале од своите предни екстремитети за да развијат крила, како птиците и лилјаците“.
Intriguing Thermal Physics in #GameOfThrones: BlueDragon breath would be at least a factor of 3X hotter than RedDragon breath pic.twitter.com/RvpBkqJ1sw
— Neil deGrasse Tyson (@neiltyson) September 24, 2017
„Чудна термална физика во Game of Thrones. Здивот на Синиот змеј би требало да е барем трети степен пожежок од здивот на Црвениот змеј“.