Никовски: Зошто Бугарија никогаш нема да прифати дека Гоце не бил Бугарин

Професионалците ги разбираат работите, а аматерите прават грешки со трајни последици. Такви се и договорите со Бугарија и Грција, тврди поранешниот македонски амбасадор Ристо Никовски во колумна за „Нова Македонија“. Според него, носителите на овие два проекта крајно непотребно го форсирале потпишувањето на договорот со Грција, особено што се покажува, како што вели, дека „двата со капитулантски договори не се решија вековните проблеми со овие две земји; дека Македонија не направи историски исчекори; дека не ни се отвораат европските перспективи, додека атлантските беа нагласен интерес на САД и затоа напредуваат; дека двата соседа воопшто не станаа наши пријатели и поддржувачи“… Напротив, според Никовски, Грција и Бугарија со нив добиле шанса да нè докусурат.

Во колумната, Никовски се осврнува конкретно на низата уцени од Бугарија по „прашањето за Гоце Делчев“, притоа тврдејќи дека односите со Бугарија никогаш не биле полоши, како и дека Бугарија никогаш нема да прифати дека Делчев не е Бугарин. Во дел од колумната со наслов „Формулацијата за Гоце Делчев веќе е договорена?“, Никовски пишува:

„За разлика од нас, Софија знае што сака и како да го постигне тоа. Аматери и…

Зошто Бугарија толку инсистираат дека Делчев е Бугарин? Факт е дека тој ништо нема направено за Бугарија, а еве и Софија признава дека се борел за Македонија. Зошто тогаш го слават? Така е бидејќи тој е симболот на бугарското присвојување на Македонците. Целта е да се докаже дека Делчев, како Бугарин, можел да се бори само за бугарска Македонија. Тоа ја демаскира ама и детерминира нивната бескомпромисност околу неговата националност. Мора да ни биде јасно дека тие никогаш, по никоја цена, нема да прифатат дека не бил Бугарин. Во спротивно, тој би можел да биде само Македонец, а такви за нив ниту имало, ниту има! А така е бидејќи ова е само почеток. Слични ултиматуми и уцени од Софија ќе следуваат и за Даме Груев, браќата Миладиновци… и за цела плејада други македонски дејци, кои некогаш живееле во Бугарија“… Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

- Реклама -