Николовски: Извештајот на Фридом Хаус потврди дека сме на вистински пат и излегуваме од ужасната состојба која Владата ја наследи од претходната власт

„Апсолутно, денешниот извештај на Фридом Хаус потврдува дека сме на вистинскиот пат. Денешниот извештај потврдува дека Северна Македонија се подобрува и излегува – од 2017 навака – од ужасната состојба која оваа Влада ја има наследено државата и институциите, и бележи постојан раст во делот на слободата и демократијата, што е успешна приказна која што на Балканот му е потребна“, изјави денеска вицепремиерот  за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси – Љупчо Николовски.

Вицепремиерот истакна дека во извештајот експлицитно се наведува дека левичарската Влада предводена од Зоран Заев ја поправа штетата која што е нанесена на институциите во претходниот период, од страна на десничарските популисти. И во овој извештај Фридом Хаус алармира за падот на демократиите и лизгањето на многу системи кон авторитарност, и во регионот, но притоа ја издвојува Северна Македонија како успешна приказна, заедно со уште неколку земји, како единствени кои бележат раст во внатрешната демократија, потенцираше Николовски.

„Извештајот е мерен по однос на односот на Владата и институциите кон медиумите, кон граѓанското општество, кон правосудството кон локалното демократско владеење и за оваа поставеност Северна Македонија бележи раст којшто се протега од 2017 до 2021 година во делот на демократскиот сектор и демоктратското владеење. Секако дека сите овие забелешки длабински ќе бидат прегледани. Има забелишки во делот на правосудството на коишто сите напорно работиме во овој период и во периодот што следи треба да работиме. Меѓутоа, факт е дека Фридом Хаус нотира силен напредок и излегување токму од таа институционална криза во која што државата беше пред 2017 година. Пред сѐ, се нотираат слободата и демократијата како највискои вредности и сме издвоени од регионот во тој дел на напредокот. Секако дека институциите и Владата треба длабински да го разгледаат извештајот и да се преземат активности, како што и сме преземале активности во делот на извештајот на Транспаренси Интернешнал или било кој друг извештај. Тоа се добредојдени препораки, кои што треба да бидат патоказ за она што треба да го работиме во периодот што следи“, додаде Николовски.

- Реклама -