Николовски: Имотот ќе го пријавуваат сите административци кои даваат услуги на граѓаните, ќе се следи нивната состојба

Воведување на нов систем и целосна трансформација на општеството, најави вицепремиерот за борба против корупцијата – Љупчо Николовски, во гостувањето во вестите на „Сител“.

Во моментот изјави за состојба со имотот и изјава за судир на интереси даваат избрани или именувани лица и функционери, но сега, со измените кои се предвидуваат, а врз база на компаративни анализи, и раководните структури во институциите – како инспектори, цариници, вработени во катастар, во УЈП, секаде каде граѓаните остваруваат права, а е можна корупција – и тие ќе имаат обврска да поднесуваат изјави за имотната состојба, објасни Николовски.

Со ваквите измени, ќе се знае дали некој од Катастар има тесна соработка со некое приватно биро за катастар или некој инспектор има своја сопствена фирма, односно, овие лица ќе треба да ги пријават акциите, уделите во фирми, имотот. На овој начин ќе може да се следи нивната состојба и со тоа да се придонесе за намалување на корупцијата, изјави вицепремиерот.

- Реклама -