Заради притисокот што потекнува од Законот за урбанистичко планирање, цената за метар квадратен во општините Центар и Карпош достигна до 3 000 евра, истакнува министерот за транспорт Александар Николоски.
– Заради овој притисок кој го имаме, квадрат во Центар и Карпош стигна до 3 000 евра. Нас ни се случува да луѓе во внатрешноста продаваат двокатни куќи за 50 000 евра, а во Скопје или во овие две општини, за тие пари не можат гарсоњера да купат и следно што прават – се иселуваат. Нема млада брачна двојка која може да си дозволи 3 000 евра за метар квадратен, а тоа е така затоа што се случи оваа хистерија против урбанизмот од една страна, од друга страна се сè концентрираше во главниот град, од Скопје се град – држава, внатрешноста пропаѓа, а овде цените одат до небо, посочи Николоски во вчерашното гостување во централниот дневник на ТВ „Сител“.
Тој понуди решение со кое ќе се формира комисија од сите релевантни страни и да се изготви нов Закон за урбанистичко планирање со кој ќе се стави ред во урбанистичкиот хаос.
– Затоа, со тој закон кој заеднички ќе го работиме со здруженијата на граѓани, невладините организации со еден хетероген состав, сакам меѓу другото и овие прашања да ги решиме, додаде министерот Николоски.