Николија Јовановиќ го изгуби бебето

Тажната вест ја погоди српската естрада минатата ноќ, откога Релја Поповиќ објавил дека Николија и тој го изгубиле бебето.
Член на групата „Елитни одреди“ на својот Фејсбук профил објавила статус со кој ги известува своите обожаватели дека за жал ќе остане без бебе.

„Драги пријатели, не сакам никого да оптоварувам со својот приватен живот, но со цел да спречам медиумски приказни, сакам да ве известам дека денес Николија и јас дознавме дека го изгубивме бебето“, напишал Релја меѓу останатото на својот статус.

Оваа вест ја потврди и мајката на Николија Весна Змијанац, која на кратко за PressSrbija рекла „Во шок сум, не можам да зборувам за загубата, извинете“.

- Реклама -