Прашање на време е, според „Hollywood Reporter“, кога продукциската куќа „Lionsgate“ ќе го откупи филмот за актерот Николас Кејџ во кој актерот Николас Кејџ ќе го глуми актерот Николас Кејџ…
Се работи за филм насловен „Unbearable Weight of Massive Talent” („Неподносливиот товар на огромниот талент“), во кој се зборува за обидите на Кејџ да добие улога во филм на култниот Квентин Тарантино.
Во филмот, како што пренесуваат холивудските магазини, Кејџ разговара со своја нарцисоидна верзија од периодот на ’90-тите, при што овој помлад Кејџ се подбива со денешниот Кејџ затоа што не е повеќе познат, но и затоа што снимил премногу нискобуџетни филмови.
Во филмот, Кејџ се обидува да си ги подмири долговите, па прифаќа да се појави на роденденска забава кај нapкобoc на мексикански кapтел, за да го види сценариото за филм што овој му го напишал.
Според „Independent“, авторите на сценариото – Том Гормикан (познат по „That Awkward Moment“) и Кевин Итен („Ghosted“), не ни размислуваат некој друг да ја игра улогата освен самиот Николас Кејџ.