Денес Тесла го слават, и со право, како бог, но имаше време кога ситуацијата беше обратна. Ѕирнете го написов во еден стар српски весник од 1892 година. Гласи вака:
„
Лудиот научник од српско потекло ја посети Србија
Никола Тесла, познатиот американски ексцентрик од научните кругови, го посети Белград на два дена. Тоа е првата посета на Тесла на СРбија, во која поради својот контроверзен начин на живот е дочекан со сомничавост и презир. Тесла отседна во хотелот Асторија, на последниот спрат, а персоналот на тој хотел ни признава дека никогаш порано немале така неугледен гостин и дека одвај чекале да си замине. Штетата која Тесла ја направил во собата се проценува на неколку илјади динари, особено поради тоа што, експериментирајќи со молњи, ги спалил сите ѕидови, а во аголот на собата направил импровизиран гулабарник.
И во научните кругови се согласни дека тој таканаречен научник е брука за Србија и се надеваат дека неговото име никогаш во иднина нема да биде доведено во врска со нашата нација.
“
Па ете, времиња се менуваат, а пред делата и тврди глави и ограничени умови се освестуваат…