Никола Димитров доби награда за придонес за доближувањето на регионот кон ЕУ

По повод 5-годишнината од постоењето на European Western Balkans (EWB), порталот ja додели Наградата за Придонес кон европската интеграција на регионот. Признанието му припадна на македонскиот министер за надворешни работи – Никола Димитров.

Наградата му е доделена поради „демонстрирање на извонредни напори во доближување на неговата земја и регионот поблиску до ЕУ, провирање на духот на соработка и мир во регионалните односи, со посебен акцент на нормализација на односите меѓу Грција и Северна Македонија, како и давање поддршка за пример за демократските реформи и надминување на товарот на минатото во Западниот Балкан“, истакнува EWB.

Димитров, пренесува порталот, ја изрази својата благодарност за Наградата и истакна дека без European Western Balkans медиумската сцена немаше да биде комплетна.

„Како што Европа не е комплетна без Западниот Балкан, така и медиумската сцена во регионот не би била комплетна без EWB – секогаш присутни, навремени и фокусирани на важните нешта – заедничка ЕУ иднина. Честитки за комплетирањето на 5 успешни години, EWB! Ајде да го забрзаме трансформативниот процес заедно и да го прославиме комплетирањето на европската приказна на Балканот. Колку побрзо, толку подобро!“, рекол Димитров.

Наградата ќе му биде врачена по враќањето од официјалните посети на земјите членки на ЕУ, додава EWB.

 

- Реклама -