Австарлиските медиуми постојано пишуваат дека актерката Никол Кидман е бремена. Оваа вест сеуште не е потврдена од претставникот на актерката.
Имено, таблоидот „Madiamass“ пишува како Никол оддамна сака да има уште едно дете, и таа желба конечно и се исполнила.
Гласините за оваа вест започнаа после една претстава во Лондон каде папараците и го забележале заоблениот стомак. Наводно, видена е на вечера со својот сопруг Кит Урбан како пие вода, а не како што и е обичај да пие вино.
Никол и Кит имаат две ќерки Роуз и Фејт. И тие изгледаат дека се многу заљубени. Па навиваме за нив и се надеваме дека Никол е навистина бремена.