Добро е познато дека варикината е прилично штетна.
Не е добра за животната околина и може да предизвика штета и на вашето здравје. Плус, тоа е многу опасна хемикалија да ја имате низ домот и дури со безбедносните затворачи, се уште има случаи на случајно труење и повреди од белилото.
Правот за обелување се состои од калциум хипохлорит, доека течното белило е типична мешавина на натриум хипохлорит. Хлорот јоните се тие кои му даваат моќ на белеењето и непријатен мирис.
Добрата вест е дека постојат алтернативи кои се помалку токсични и повеќе еколошки.
Оцет, сода бикарбона и хидроген пероксид веќе долго време се користат како производи за чистење. Овие природни елементи не содржат груби хемикалии, но се многу ефикасни.
Оцет
Оцетната киселина раствора дамки без да ја оштети ткаенината. За да отстранете дамки од облека ставете 1 чаша од дестилиран оцет во голем сад со вода. Загрејте го садот и оставете да зоврие и ставете ја облеката кога е топла но не премногу жешка водата. Оставете го во текот на ноќта и исперете ја облеката наредниот ден.
Сода бикарбона
Сода бикарбоната е добро средство за чистење бидејќи е помалку алкална, правејќи полесно да разградува маснотии и дамки во вода. Исто така го отсранува непријатниот мирис од облеката. Само додадете ½ чаша од сода бикарбона во регуларниот детергент кога ги перете алиштата и продолжете со нормалната рутина.
Хидроген пероксид
Хидроген пероксид е безбојна течност како вода, но со слаби компоненти. Поради овие слаби компоненти создава слободни радикали што ги прави реактивни и многу моќни оксидирачки. Наполнете ја вашата машина за перење со вода и додадете една чаша од хидроген пероксид. Измешајте ги и додатеде ја ткаенината и продолжере со миење на алиштата. Претходно тестирајте ја ткаенината со хидроген пероксид за да не ја оштети вашата облека.