Мускули, кратка коса, мустаќи, брада и машка гардероба се дел од неговиот сегашен визуелен идентитет.
Бугарскиот пејач каков што го гледаме денес, воопшто не потсетува на Азис од периодот на неговата најголема слава во Бугарија.
Во женска облека, високи потпетици и нападна шминка, но и со многу килограми повеќе, Азис константно ја шокираше публиката низ целиот Балкан и остана запаментен како транвестит.
Сепак, пред неколку години тој одлучил драстично да ослабе и да го обликува своето тело како вистински маж.
Почнувајќи од 2011 година, бугрскиот пејач Азис активно троши калории во теретана и како што поминувало времето, неговиот имиџ во јавниот живот се помалку личел на имиџ на транвестит.
Денес, бугарската ѕвезда не се разликува многу од мачо маж.