Од денес утрово, минувачите на скопскиот кеј на Вардар имаат можност да се чудат на мистериозно поставениот семафор во пешачката зона кај кафулињата. Наводно никој не знае во каква функција е таму, а од град Скопје наводно не ни знаат дека воопшто е поставен таков.
Претходно, во урбанистичкиот план на Градот стоеше и улица што требаше да поминува среде кафулињата и летните тераси, која би водела до зградата на Телеком. По острите реакции на граѓаните, општина Центар забрани градежни работи во овој реон, но ете, мистериозно, семафор си добивме.
Извор: а1on