Се навикнавме да ја гледаме како да е извадена од некој анимиран филм, со силна шминка, необична боја на коса и откачен колоритен аутфит.
Но, во нејзината последна фотосесија Ники Минаж се покажа во најнормално и природно издание до сега, со што предизвика изненадување кај нејзините фанови.
Пејачката ја откри нејзината природна убавина само со минимална шминка на неа и со неколку едноставни различни парчиња облека.
Дури и таа изјавила за магазинот „Elle“ дека била шокирана кога ги разгледала фотографиите.
„Кога се видов себеси без речиси воопшто шминка на мене, беше како… Едноставно толку многу се имам навикнато на мојот розев кармин, што дури ми е тешко да се одвојам од него. Се чувствувам како да е дел од мене, се чусвствував како да сум гола“, рекла Ники.