Наскоро треба да започне 12-та сезона од шоуто за пронаоѓање таленти „Американски идол“. Во оваа сезона, Ники Минаж и Мараја Кери се најдоа помеѓу судиите кои ги оценуваат потенцијалните идоли. Но, на аудицијата во Шарлот, Минаж ѝ се нафрли на Кери, упатувајќи ѝ еден куп погрдни зборови.
Оваа кавга доаѓа точно во периодот кога рејтингот на „Американски идол“ се движи по надолна линија, па оттаму, разбирливо е зошто огромен број луѓе сметаат дека се работи за добро смислена „кавга“ што треба повторно да го врати „Идол“ на врвот.
{youtube}R25ypkQx7ac{/youtube}