Пејачката Ники Минаж сними спот за песната „Right By My Side“, која е со побавно темпо од нејзините минати хитови. Станува збор за дует со Крис Браун, а во спотот се појавува и раперот Нас.
Минаж овој пат заборави на брзото темпo, смелите текстови и на авангардните тоалети и одбра балада во која пее за вљубена девојка и за нејзината посилна половина.
Улогата на нејзиниот дечко ја толкува Нас, а двајцата страстно се бакнуваат на крајот на видеозаписот.
{youtube}he3DJLXbebI&ob=av2e{/youtube}