Nike Sole во соработка со Össur (видео)

патикаВеќе неколку години спортисти со ампутирани екстремитети надминуваат претходно ненадминливи пречки со помош на специјализирани протези. Сега Nike ја надминува последната граници со создавање на патика за овие протези. Nike Sole е она што им недостасува на корисниците на протези овозможувајќи подобар контакт со површината и поприродна должина на чекор.

Дизајнирани за функционирање со Össur Flex-Run протезата, Sole била производ на колаборација помеѓу Nike и триатлонецот Сара Реинерцен. Како и нормална патика за трчање Sole има надворешен и среден ѓон, и контактира со протезата од јаглеродни влакна со помош на материјал наречен Aeroply. Инженерите на Nike дури создале и едноставен но ефективен начин за прицврстување на патиката на протезата.

{youtube}KJTMe_Q2e70{/youtube}

Иако е лесно да се третира овој потег на Nike како циничен обид за добивање пари и добар публицитет, Sole покажува ниво на општествено прифаќање и технолошки напредок и на местото на порано ненадминливи предизвици сега има општо достапни решенија.

- Реклама -