Никако да ги соберат сите

Џабе радоста. „Пријателите“ никако да се соберат.

Откако неодамна излезе веста за нова двочасовна епизода во која што ќе се соберат сите актери од култниот серијал Friends, денешната информација ќе ги разочара фановите.

На првото промо што го објави NBC по овој повод се гледа дека Чендлер не е меѓу екипата.

phph0vsbo_559x-

Актерите Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Дејвид Швимер и Мет Лебланк ќе заземат учество во специјалниот двочасовен настан во чест на илјадитата епизода во кариерата на режисерот Џeјмс Баровс.

Епизодата ќе биде емитувана на 21 февруари, а во неа ќе заземат учество и актери од голем број други серии како “Биг Бенг теорија”, “Бар” Наздравје “,” Такси “,” Фрејзер “,” Мајк и Моли “” Вил и Грејс “.

Веста за двочасовната епизода со учеството на актерите од “Пријатели” се појави во средината на јануари. Тогаш директорот на NBC објави – “Сите ќе земат учество, но не знаеме дали ќе можеме да ги собереме во една соба”.

Повеќе детали не беа објавени, затоа фановите на серијата прифатија дека ова е долгоочекуваното продолжение на “Пријатели”.

Подоцна стана јасно дека всушност нема да има нова финална епизода, туку наместо тоа ќе има двочасовен трибјут.

Во меѓувреме, Метју Пери, кој го игра Чендлер во “Пријатели”, најави дека нема да учествува во трибјутот, а еден од креаторите на серијата – Марта Кауфман, ги разочара сите фанови велејќи дека никогаш нема да има враќање на “Пријатели” како филм или серија.

Ова е првото собирање на сите актери од серијата, со исклучок на Метју Пери, на едно место, по финалната епизода на “Пријатели” во 2004 година.

- Реклама -