Нихилистички речник: Најсизам

moments-of-peace-during-protests-1[1]

Најсизам – главно општествено кодифицирана норма во форма на склоност нечие однесување да се проценува во зависност од степенот на срдечност. Воедно, најсизмот е и тиранија на човечноста која го блокира критичкото мислење и автономното однесување.

Обично сите му даваме предност на она што е пријателско, искрено, љубезно, пристојно. Но, во овој (из)мизерен свет на длабока и реална криза, што би требало да го предизвикува секој од нас да преиспитува сé, финото може да биде лажно.

Лицето на доминацијата често е насмеано, културно. Аушвиц ти доаѓа на ум, со неговите менаџери кои уживаа во нивниот Гете и Моцарт. Слично на тоа, атомската бомба не ја изградија некакви чудовишта со злобен изглед, туку фини либерали интелектуалци. Истото важи и за тие што го компјутеризираат животот и тие кои на други начини се столбови на учеството во овој скапувачки поредок, исто како што и финиот бизнисмен (самостоен или не) е ‘рбетот на суровото работи-и-купувај постоење со тоа што ги сокрива неговите вистински хорори.

Случаите на најсизам ги вклучуваат пацифистите – чија етика на финоќа ги става одново и одново во глупави, ритуализирани ситуации од кои не извлекуваат никаква победа, оние Earth First!-ери кои одбиваат да се конфронтираат со комплетно достојната за осуда идеологија на врвот на „нивната“ организација, и Fifth Estate – чии навистина важни придонеси сега изгледа се во опасност од засенување од страна на либерализмот. Сите поединечни каузи, од екологизмот до феминизмот, дури и во своите најмилитантни облици, се само начини на избегнување на неопходноста од квалитативен раскин со многу повеќе од тоа што се само ексцеси на системот.

Финото како совршен непријател на тактичкото или аналитичкото мислење: Биди согласен и толерантен, не дозволувај радикалните идеи да влијаат на твоето однесување. Прифати ги веќе постоечките методи и лимити на секојдневното гушење. Вроденото почитување, условниот рефлекс на „играј по правилата“ – правила на авторитетот – тоа е вистинската Петта колона, таа во нас.

Во контекст на распарчениот општествен живот кој го бара драстичното како минимален одговор во насока на здравјето, најсизмот станува сé повеќе инфантилен, конформистичен и опасен. Не може да обезбеди радост, туку само повеќе рутина и изолација. Задоволството од автентичното живеење постои само преку судирот со ваквото општество. Најсизмот нé држи секој на своето место, каде конфузно го репродуцираме тоа од што наводно се гадиме. Ајде да престанеме да бидеме фини кон овој кошмар и сите што сакаат да нé задржат во него.

Џон Зерзан, Идното примитивно и други есеи, Нихилистички речник: Најсизам, 1994

z-000-Zerzan2-MRX-LG-Sept_17_2015___Gallery[1]

- Реклама -