Американците минатиот викенд го славеа „Memorial Day“, а на една таква забава се појави и познатата британка.
Џоел Силвер секоја година организира „Memorial Day Party“ во својата раскошна куќа во Малибу во Калифорнија, а нејзини гости се бројни познати. Иако британската актерка Кејт Бекинсејл не ја гледаме често, кога ќе се појави се гази пред себе. Буквално.
Никој не се воздржа од коментарите за нејзините витки нозе, а со таква фигура кој би рекол дека има 14-годишна ќерка.
Кејт на забавата била со сопругот Лен Вајсман. Ако мислите дека Кејт само е уште една убавица во Холивуд, можеби ќе бидете изненадени од фактот дека актерката течно зборува четири јазици, а студирала француски јазик и руска книжевност на Оксфорд.
Британската актерка е позната по бројни улоги, а глумеше и во филмот „Авијатичарот“, „Перл Харбур“, „Ван Хелсинг“, „Подземјето“, и други.