Овој полицаец не дозволил мала работа како удар од кола да го спречи во извршувањето на неговата должност. По ударот, тој почнал да го брка возачот на автомобилот пред да успее да го погоди со електричен пиштол. Ден Песко од полицијата во Сури бил дел од барикадана поставена на приклучен пат за да се спречи криминалецот кој возел украдено BMW да се упати кон автопатот.
Ли Ралф Адамсон, 29 годишниот возач на украдениот автомобил е осуден на 23 месеци во затвор. Претставник на полицијата од Сури изјавил: „Двајца припадници на патната патрола ја поставувале барикадата на крајот од приклучниот пат кога украдениот автомобил се судрил со задниот дел од полицискиот автомобил. Силата на ударот го фрлила полицаецот кој стоел веднаш зад него.“
{youtube}87CRZdjqUXA{/youtube}
„Веднаш по сударот, Адамсон го напуштил оштетеното BMW и почнал да бега, но Ден Песко станал и почнал да го брка. Тој успеал да го погоди Адамсон со истрел од електричен пиштол пред да се струполи на земја. Останатите полицајци го уапсиле Адамсон под сомнение за кражба на автомобил и сообраќајни прекршоци.“