Ни се заканува масовно изумирање

изумирањеЗемјата би можела да биде на работ на шесто масовно изумирање со сличен размер како изумирањето на диносаурусите. Научниците велат дека освен ако не се преземат некои чекори за намалување на штетните ефекти кои ние ги имаме врз еко-системите, не очекува масовно изумирање во наредните неколку векови.

Опоравувањето од ваков настан, кој би можел да уништи повеќе од три четвртини од животот на Земјата, би можело да трае милиони години. Проучувањето на популациите на цицачи посочува кон шесто масовно изумирање, овојпат како резултат на ефектот кој луѓето го имаат врз планетата. Научниците во САД го споредуваат степенот на изумирање од фосилните податоци со брзината со која цицачите исчезнуваат денес. Во последните 500 години минимум 80 видови на цицачи, од почетните 5570, изумреле. Оваа бројка се споредува со просечен степен на изумирање за цицачи од два видови на секои милион години.
 
„Модерниот степен на изумирање се совпаѓа со степенот на масовните изумирања, дури и со екстремна дефиниција за масовно изумирање“ изјавил професор Антони Барноски од Универзитетот од Калифорнија во Беркли. Тој додал: „Ако оние видови кои во моментов се загрозени навистина исчезнат, и ако тој степен на изумирање продолжи, шестото масовно изумирање би можело да се случи за минимум 3 а максимум 22 векови.“

Научниците веруваат дека луѓето го предизвикуваат шестото масовно изумирање со делењето на животните средини, воведувањето на нови видови, ширењето на болести, убивање на видови и менувањето на климата. Но професор Барноски вели дека не е доцна за спречување на губитокот на видовите да се претвори во масовно изумирање. „До сега, околу 1 до 2 проценти од сите видови се изумрени, значи според тие бројки, изгледа како изумирањето да не е далеку. Многу е важно да се посветат ресурси и да се воведат закони за заштита на животински видови ако не сакаме да бидеме видот кој предизвикал масовно изумирање.“ [Earth is heading for sixth mass extinction ‘that will eradicate 75% of life’]

- Реклама -