Незадоволен пациент застрелал лекар во Скопје

Во клиниката за Дигестивна хирургија сабајлево со употреба на огнено оружје бил застрелан лекар.

Зад инцидентот стоело лице чија што мајка починала во болницата во која работел докторот.

Полицијата го потврди инцидентот и укажа дека истиот се случил во 9 часот утрово. Во моментов се приведени три лица на возраст од 30, 34 и 36 години, а лекарот Љ.О е во стабилна состојба.

Медиумите пишуваат дека кон медицинското лице биле испукани 4 до 5 куршуми.

- Реклама -