Во 1865 година, англискиот писател и математичар Чарлс Лутвиџ Доџсон – попознат со уметничкиот псевдоним Луис Карол ја напишал “Алиса во земјата на чудата”.
Книгата брзо станува омиленото четиво на многу деца и возрасни, создавајќи огромно влијание врз развојот на фантазискиот жанр.
Интересна е целата приказна околу создавањето на Алиса и инспирацијата на математичарот. Прочитајте ја ТУКА, а потоа продолжете со цитатите кои ги подготвивме за вас.
„Ако секој си ја гледаше сопствената работа, светот ќе се вртеше многу побрзо.“
„Што е животот ако не еден сон?“
„Јас не сум чуден, глупав, откачен или луд. Само мојата реалност е поразлична од твојата.“
„- По кој пат да тргнам од овде? – праша Алиса.
– Зависи каде сакаш да стигнеш – одговори насмеаниот мачор.
– Не е важно – возврати Алиса.
– Тогаш не е важно ни по кој пат ќе тргнеш – мистериозно дошепна мачорот.
– … додека да стигнам некаде – додаде Алиса.
– О, тоа сигурно ќе се случи, рече Мачорот, под услов да одиш доволно долго.“
„Прво авантури. Објаснувањата одземат толку многу време.”
„Не можам да се вратам кон вчерашниот ден – тогаш бев друг човек.“
„За мене нема доволно голема чаша чај и доволно долга книга.”
„Ако ти веруваш во мене и јас верувам во тебе. Толку ли е тешко?”