
Повеќе од стотина луксузни јахти, меѓу кои и таа на поранешниот италијански премиер – Силвио Берлускони, се уништени во Италија откако земјата ја зафати силно невреме.
Како што пренесуваат локалните медиуми, пристаништето Рапало во северниот регион Лигурија делува сосема апокалиптично, а тоа го потврдува и видеото објавено на Russia Today во кое се гледаат еден куп уништени и оштетени јахти.
Како што јавува италијанската новинска агенција ANSA, во невремето се уништени околу 180 чамци и бродови, од кои многумина завршија исфрлени на брегот. Забележани се бранови високи и до 10 метри. Најголемиот хаос настанал кога попуштила браната висока 6.5 метри, по што на пловилата им немало спас.
Во текот на невремето, како последица од силните ветрови и високата плима, загинаа 11 луѓе. Венеција е поплавена до степен што на луѓето нивото на водата им е до половина. Измерени се рекордни 156 сантиметри прв пат од 2008 година наваму.

ФОТО: EPA-EFE
![maxresdefault[1]](http://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2018/10/maxresdefault1-2-640x360.jpg)



