Невреме во Дебарско со силен ветер, дожд, град и грмотевици

Надлежните велат дека поради влажни коловози и помали одрони од камен и земја се препорачува внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација по патиштата во поширокиот Дебарски Регион

ФОТО: МИА

Невреме проследено со силен дожд, ветер, град и електрични празнења попладнево го зафати Дебарско.

По невремето улиците во Дебар се преполни со вода и има скрешни гранки.  

Според информациите од наделжните, штетата на земјоделските посеви е незначителна.

„Засега нема пријави на поголеми штети. Не се исклучува да има поплавени подрумски простории но граѓаните вообичаено не пријавуваат“,

изјави Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК- Дебар за МИА.

Од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта велат дека поради влажни коловози и помали одрони од камен и земја се препорачува внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација по патиштата во поширокиот дебарски регион. 

- Реклама -