Невозможно мрачна планета

мракTrES-2b е планета со големина на Јупитер која се наоѓа на околу 750 светлосни години од Земјата. Таа одбива само 1 процент од светлината која удира во неа, со што во основа е целосно црна сфера. Всушност, таа е потемна од речиси сите материи откриени на Земјата. Ова е првиот ваков феномен откриен досега.

Клучниот концепт тука е албедо, познат и како коефициент на рефлексија, кој опишува колкав процент од светлината која удира одредено тело е рефлектирана. Земјата, на пример, има албедо од околу 30-35 проценти кое зависи од облаците, и е причината поради која астронаутите од Аполо можеле да ја видат Земјата од Месечината – ако нашата планета би имала албедо од 0 проценти, тогаш во основа таа би била невидлива. А ако нашето албедо би било 100 проценти – благодарејќи на термодинамиката, ниту едно албедо не може да биде совршени 100 проценти – тогаш би биле Сонцето.

Повеќето планети во нашиот сончев систем имаат албедо помеѓу 25 и 50 проценти. Јупитер, на пример, рефлектира околу една третина од сончевата светлина која стига до него, благодарејќи на присуството на масивни облаци од амонијак. Тие облаци се главна причина зад високото албедо на џинот. Но ситуацијата не е таква во случајот на TrES-2b, која се наоѓа на само околу 4,8 милиони километри од нејзината ѕвезда. Ова ја загрева планетата до речиси 1093 степени целзиусови, што ја отстранува можноста за формирање на такви облаци.

Нејзината атмосфера очигледно е составена речиси исклучиво од хемикалии кои впиваат светлина, како некои мешавини на натриум, калиум и титаниум оксид. Дури и покрај тоа, астрономите не можат да ја објаснат неверојатната мрачност на чудната планета. Дејвид Шпигел, астроном од Принстон ја опишува планетата: „Не е јасно што ја прави оваа планета неверојатно мрачна. Но, таа не е комплетно црна. Таа е толку жешка што испушта слаб црвен сјај, слично како жар или вжештен електричен шпорет.“

Вселенското летало на NASA, Кеплер, успеало да открие мали промени во нивото на светлина која се одбива од TrES-2b. Планетата се движи околу својата ѕвезда на ист начин како што Месечината врти околу Земјата. Ова значи дека таа има посебни фази, кои ги создаваат тие мали разлики во нивото на светлина која се одбива од планетата – само шест дела од милион, дефинитивно најсуптилната промена која Кеплер ја има откриено до сега.

Шпигел и неговиот колега Дејви Типинг посочуваат дека егзопланети како TrES-2b – наречени Жешки Јупитери – треба да бидат мрачни. Но и покрај тоа TrES-2b е различна од сè што сме виделе до сега, и ќе биде интересно да се види дали сега Кеплер ќе може да најде други слични планети во својата база на податоци. До тогаш, најдобриот опис на оваа планета доаѓа од Кралскиот астроном Сер Најџел Туфнел, кој за оваа чудна планета изјавил: „Се прашувате колку поцрна може да стане оваа планета? Одговорот е воопшто. Воопшто поцрна.“ [Strange alien planet is impossibly black]

- Реклама -