Ова архитектонско ремек дело, дизајнирано од страна на компанијата STPMJ, совршено се вклопува со околната природа во Њујорк. Транспарентната штала беше специјално направена за „Архитектонскиот натпревар за необични градби 2014“, и изгледа речиси невидливо во целокупниот пејзаж. Креацијата е направена од дрво и церада со огледало ефект, од чиј одраз оваа градба се претвора во едно со природата.