Неверојатно: Учествува на 100 наградни игри дневно и има освоено се што може да се освои!

Некогаш навистина сами си ја креираме среќата. Доказ е Ким Серл.

50-годишната Ким има добиено на толку многу наградни игри и натпревари, што досега има собрано награди во вредност од 100.000 фунти, благодарение на нејзината докажана тактика да учествува во 100 игри на ден.

article-2435734-1832916100000578-883_634x507

Освоила речиси се што може да се освои – одмори во Австралија, Дизниленд и Хаваи, телевизори со рамен екран, играчки конзоли, облека и разни гаџети. Голем дел од мебелот во спалната и кујнските апарати, се исто така, заслуга на нејзината опсесија.

Само во изминатата недела освоила џогер, кофа, тава за готвење, четка и сет за ручање, а неодамна, заедно со сопругот, биле приморани да се преселат на поголем имот со гаража. Главна причина – немање доволно простор за добиените предмети, меѓу кои и џиновски ладилник со замрзнувач, од кои дел продава и на E-Bay.

article-2435734-1832914900000578-431_634x480
За време на наградното патување во Рим, на Фонтана Ди Треви, Јуни 1986-та.

Се започнало во 1989-тата кога се пријавила на натпревар за најдобар слоган за локалниот весник и освоила микробранова печка. „Знам дека е зависност, ама не можам да запрам.“, вели таа. И не само што запира, туку нејзината ригорозна тактика вродува со минимум 200 фунти месечно.

article-2435734-183291AD00000578-491_634x455

Пред ручек, таа го пребарува Интернетот и магазините, а навечер ги следи телевизиските реклами за наградни игри. Иако најголем дел од игрите се бесплатни, таа признава дека троши околу 150 фунти годишно. „Ме исполнува да наоѓам наградни игри, да ги пополнувам формуларите за учество и да очекувам да стигнат наградите. Секогаш барам нови можности и често гледам на часовникот, дури и кога сум на одмор“.

article-2435734-1832916F00000578-651_634x537
За време на едно од наградните патувања во Венеција, Јули 1998-та.

И кој може да ја обвини? Викендов таа го слави роденденот со уште три пријателки на бања. Нормално, викендот го добила како награда.

- Реклама -