Неверојатно прецизен тест за бременост од древниот Египет

Колку и да звучи нереално, сепак жените уште во древниот Египет успеале да пронајдат ефикасен начин за да проверат дали се бремени, па дури и да го одредат полот на бебето.

Пред неколку илјади години во древниот Египет жените користеле јачменови зрна или кромид, за да ја проверат својата состојба. Постапките не биле особено сложени.

Египќанката мешала зрна од пченица и јачмен во сад, уринирала врз нив и го покривала садот со парче ткаенина. Ако следното утро зрната ‘ртеле, тоа значело дека жената е бремена. Според степенот на ‘ртење, тие дознавале и дали очекуваат момче или девојка.

e

Истражувачите во 60-тите години на минатиот век потврдиле дека овој тест е со 70% точност, малку помалку од модерните тестови за бременост.

Според други верувања во Антички Египет како тест за бременост служел кромидот. Нам ова ни звучи лудо, но старите Египќанки ставале мало парче кромид во вагината, а потоа преспивале. Ако наутро чувствувале здив на кромид од устата, тоа значело сигурна бременост. Современите медицински лица ја немаат докажано ефикасноста на овој метод.

- Реклама -