Вообичаена пракса е актерки да глумат ликови што се 10 години помлади. Шминка, камера, дотерување и ќе се покријат разликите. Но, Лиу Ксиаоквинг глуми девојка што има три пати помалку години од нејзината вистинска возраст. Би ја провалиле ли ако не го знаевте фактов?
Лиу е доста популарна актерка во Кина, а не е ни чудно. Моментално глуми 16-годишна во историска драмска серија, во која има и сцени каде што се бакнува со 21-годишно момче. Ова не е ни прв пат; претходно, во 1995-та, ја глумеше императорката Ву (единствената женска императорка на Кина) и тоа преку целиот нејзин живот – од 16 до 82-годишна возраст.
Па ете, ако трагате по тајната за вечна убавина, Лиу е жената што ја знае и користи до максимум.