Научниците од Универзитетот во Умеа, Шкотска, утврдиле дека херпесот го удвојува ризикот од Алцхајмерова болест.
Herpes simplex virus 1 е особено опасен за старите лица, бидејќи нивниот имунолошки систем е ослабен и затое е идеален за ширење на вирусот, што може да предизвика отекување на мозокот и да го поттикне развојот на Алцхајмерова болест.
Во студијата, која траела 11 години, учествувале 3.432 испитаници, а во девет-годишната студија учествувале 360 лица со Алцхајмерова болест. Резултатите покажале дека во мозокот се создава плак, мозочните клетки постепено умираат и ја кршат врската меѓу нив, која може да предизвика губење на меморијата и да влијае на способноста на размислување.
„HSV-1 е херпес кој не може да се отстрани кога ќе влезе во организмот. Се вгнездува во нервниот систем, а најчесто се јавува поради стрес или болест“, вели водечкиот истражувач Хуго Ловхеим.