Се почесто низ интернет страниците може да се наиде на туторијали кои објаснуваат како со помош на шминка можете да изгледате како некоја од познатите холивудски ѕвезди.
Меѓутоа, неодамна, беше започнат нов, сличен тренд со комични „трансформации“, кој стана вистински хит на друштвените мрежи.
Корисниците на социјалните мрежи објавуваат четири фотографии на кои се гледа како само во неколку чекори „успеваат“ да се претворат во двојници на јавните личности.
Доколку на Твитер или инстаграм напишете „#makeuptransformation“, ќе наидете на некои навистина смешни фотографии. Еве неколку од нив: