Неверојатни информации за човековото тело: Цивилизација во само два тестиса

Колку сперматозоиди произведува мажот во текот на денот, дали е крвта навистина црвена, кој орган расте во текот на целиот живот,  која планета може да ја види човекот од вселената? Научете нешто ново за човековото тело.
Нашето око е многу чувствително и може да воочи поединечни светлосни фотони. Во текот на сончевиот ден можеме да ја видиме Андромеда, ѕвездена група, најблиску до Земјата, и тоа без телескоп. Галаксијата е оддалечена 2,5 мимлиони светлосни години, но кога тие светлосни зраци започнале да патуваат кон Земјата, на неа во тоа време немало луѓе. Да гледате во Андромедата, всушност значи да гледате 2,5 милиони години во минатото.

Свет во два тестиса

Тестисите дневно произведуваат повеќе од 10 000 000 сперматозоиди, што е доволно да се оплоди целата популација за само 6 месеци.

Настанување на мозокот

До 35-тата година човекот губи околу 7 илјади мозочни ќелии дневно. За жал, тие ќелии никогаш не се обновуваат.

Бабо, зошто ти се толку големи ушите?

Ушите се единствен орган на телото кој расте во текот на целиот живот, Носот расте најмногу од 3. до 7. декади и во тој период расте 2,5 сантиметри.

Од Северна до Јужна Америка

Белите дробови  имаат  повеќе од 300 илјади црвени крвни зрнца. Кога би се наредиле едно покрај друго, би имале должина од 2.400 километри, што е растојанието од Северна до Јужна Америка.

Силни коски

Човековиот скелет е силен како камен. Кога би направиле цигла од човековите коски, би можела да издржи притисок од 9 тони.

Кожа

Најголемиот дел  е кожата која постојано се лупи. Во текот на животот, човекот губи 18 килограми кожа.

Од воздух до здив

Човекот во вселената може да издржи само неколку секунди без маска. После 7 секунди ќе се онесвести, а мозокот ќе престане да работи после 4,5  минути.

Црвено

Сите ние веруваме дека крвта има црвена боја поради железото  во неа. Но тоа нема врска со бојата ! Во основата  на секоја крвна  клетки се наоѓа круг – хемоглобин, кој  се нарекува порфирин. Кога се меша со кислород  се менува  неговата структура и се добива црвената боја.

Пат околу телото за 30 секунди

На една капка крв и се потребни 30 секунди за да помине низ целото тело.

Преживување

Според истражувањата, човекот може да преживее 40 дена без храна, 11 дена без спиење, 5 дена без пијалок и 4 минути без воздух.

Мирис

Човековото око може да распознае милион различни бои и сенки, но само 90 проценти од информациите му ги испраќа на мозокот. Нашиот нос, за разлика од него, разликува дури 50 илјади мириси.

Брада

Брадата расте најбрзо од влакната на човековото тело.

Палци

Ви се верува ли дека палците се многу важен дел од телото, бидејќи ни помагаат да одржиме рамнотежа додека стоиме.

Структура на кожата

Половина сантиметар кожа содржи пет метри крвни зрнца, три метри нерви, 1.300 нервни завршетоци, 100 потни жлезди и 3 милиони ќелии.

- Реклама -