Неверојатни фукции на „паметните телефони“

Откако станаа “паметни”, телефоните имаат далеку повеќе функции отколку порано. Тие се користат не само за комуникација, туку и за други практични услуги. Дали знаете на пример, дека смартфонот може:

Да го запали моторот на автомобилот 

Обичните далечински, работат до одредена далечина. Искористувајќи апликација на смартфонот, вие можете да го стартувате вашиот автомобил од секаде каде што имате врска со интернет, дури и на другиот крај на светот.

Тоа би се покажало доста практично во зима, давајќи ви можност да го загреете возилото.

Да го измери пулсот

Веќе не ви се потребни часовник или способности на математичар, за да го измерите пулсот. Едноставно користете ја апликацијата Instant Heart Rate. Допрете го екранот со прст и камерата на телефонот ќе го скенира протокот на крв и ќе го пресмета вашиот пулс.

smartfoni

Да се ​​користи како глушец и тастатура

Не работи исто како магично стапче, но Mobile Mouse Pro, се приближува доста до слична функција.

Оваа апликација ви овозможува да го контролирате компјутерот со помош на вашиот телефон како далечинско глувче и тастатура. Таа користи акцелерометар на вашиот телефон, па можете да го да преместите курсорот на глувчето на екранот на вашиот компјутер.

Забелешка: За да проработи треба да инсталирате посебен софтвер на вашиот компјутер.

Да ви послужи за да си го платите кафето

Ако сте клиент на Starbucks можете да го користите вашиот паметен телефон, за да платите кафе.

Оваа апликација е идеална за оние рани утра, кога мозокот ви е се уште лишен од кофеин и не можете да се сетите каде го чувате паричникот.

- Реклама -