Оваа уникатна и неверојатна маса е способна автоматски да го дуплира сопствениот капацитет, притоа задржувајќи ја кружната форма.
Експанзионите делови се сместени во самата маса и се самопозиционираат при преодот на масата од еден во друг облик, по пат на ротација. Операцијата е навистина лесна и екстремно брза, а може да биде рачна или електронска.
Секоја употребена компонента е од врвен квалитет и дизајнирана да трае со генерации. Освен за домашна употреба, дизајнот и квалитетот на масата дозволува нејзина примена и во сурови поморски услови, дозволувајќи лесно екстерно позиционирање на палубата на било која јахта.
http://youtu.be/10y28PD73vk