Неверојатна слика од далечната страна на Месечината

МесечинаОваа неверојатна слика е најдеталниот приказ на „темната“ страна на Месечината направена досега. Таа е составена од над 15.000 широкоаголни фотографии направени помеѓу ноември 2009 и февруари 2011 година од страна на Lunar Reconnaissance Orbiter Camera (LROC) на NASA.

Мозаикот бил составен од тим научници од Државниот Универзитет од Аризона. Претставник на НАСА изјавил „Овој мозаик ни го дава најкомплетниот поглед на морфологијата на далечната страна на Месечината, и ќе биде вреден ресурс за научната заедница. Покрај тоа, мозаикот е едноставно спектакуларна слика.“
МесечинаМесечева Морфологија е изучувањето на начинот на кој Месечината и нејзините одлики биле формирани, вклучувајќи ги и кратерите, планините и другите одлики. Далечната страна на Месечината била мистерија за луѓето сè до 1959 година кога првпат била фотографирана од советската сонда Луна 3, кога комплетно ги изненади астрономите. Далечната страна на Месечината е комплетно различен свет, споредена со блиската страна која е постојано свртена кон Земјата.

Прочитајте и:  На „темната страна“ на Месечината имало активни вулкани

За разлика од опширните „мориња“ кои се карактеристика на блиската страна, базалтниот вулканизам е ограничен на релативно малку, мали региони на далечната страна, доминантна црта таму се висорамнините преполни со кратери. Претходната мозаик слика направена од сондата Клементина на НАСА, лансирана во 1994 година, не била соодветно осветлена за анализа на топографијата на површината. [Far side of the moon revealed in amazing mosaic of orbiter images]

- Реклама -