Неверојатна приказна„ Во овој човек чука срцето на син ми“

Необична вест распрсна по медиумите ширум светот, откако жена успеала   по гласот и изгледот на еден човек, да препознае дека срцето на нејзиниот син е трансплатирано во него. Синот на Фред Картер Џон починал во 2006 година од рак на мозокот. Семејството донело одлука да ги донира органите на 33-годишен син, па срцето на Џон било пресадено кај млад човек со име Скот. Според правилата во Велика Британија лекарите немаат право да даваат информации за примателите на органот, пишува Dailу Mail.

Необјаснивото чудо се случило неколку години подоцна, кога Фред Картер посетила собир, посветен на меморијата на донаторите. За време на настанот држел говор Скот Рудерфорд и жената препознала  дека токму кај него чука срцето на нејзиниот син.

„Се свртев кон мажот и му реков дека кај него е срцето на нашиот син. Нешто се случи во мене, не знам што. Само знаев дека е тој “, раскажува Фрида.

По крајот на собирот  семејството му го изразило  сомневањето на Скот, а тој се согласил да ги прецизира податоците во болницата, каде што се случила трансплантацијата. Информациите го потврдиле чувството на мајката.

Самиот Скот ја опишал  случката како чудо: „Беше како во филм, вели младиот човек.”

Сега двете семејства почнале да комуницираат и да се стремат подобро да се запознаат.

- Реклама -