Неверојатна фотографија од затемнувањето на Сонцето

ЗатемнувањеЗа време на делумното затемнување на Сонцето кое се случи во вторникот беа направени безброј фотографии. Но оваа дефинитивно ги надминува сите останати. На оваа фотографија може да се видат две сенки, Месечината и Меѓународната Вселенска Станица.

Интересно за оваа фотографија е што таа не е настаната случајно. Астрофотографот Тиери Легол ја пресметал геометријата на орбитата на Меѓународната Вселенска Станица, по што ја напуштил својата татковина Франција и се упатил во Оман за да ја направи оваа единствена фотографија.
затемнувањеУште еден неверојатен факт е неговата прецизност. Меѓународната Вселенска Станица поминува преку сончевиот диск за помалку од една секунда. Легол вели дека оваа фотографија ја направил користејќи Cannon 5D mark II фотоапарат и Takahashi FSQ-106ED рефрактор. Сонцето, Месечината и Меѓународната Вселенска Станица поминале вкупно 0,86 секунди во ист кадар, со релативна оддалеченост од објективот од 150 милиони километри (Сонцето), 400,000 километри (Месечината) и 500 километри (Меѓународната Вселенска Станица). [Legault.perso.sfr.fr]

- Реклама -