Неверојатна фотографија: Мајмун ракува со ајфон

Додека холандскиот фотограф Марсел ван Остен бил во посета на термалните извори Џигокудани за да ги фотографира надалеку-познатите јапонски Макаки, пристигнала група туристи. Занесената група безгрижно правела селфи со мајмуните, кога еден од смартфоните завршил во рацете на еден од „локалните“. Мајмунот веднаш испливал кон средината на изворите, каде застанал и започнал мирно да чепка по телефонот, небаре знае што прави. Најсмешно од се, е што во еден момент успеал и да го уклучи блицот на камерата. Додека сопственикот на телефонот панично му довикувал да го врати назад, мајмунот решил да го тестира уредот во длабочините на водата.

Резултатите од тестот ги знаеме, а резултататот од фотографијата е „Интернационална награда за фотографија“ за ван Остен.

Можеби ќе ви биде смешна, или по малку морничава, ама едно е сигурно – во најлош случај, мајмунот изгледа и знае исто колку и вие, кога ненамерно ќе го смените јазикот на вашиот телефон.

monkeyipad

- Реклама -