Ова видео докажува дека музиката може, барем донекаде, да биде претставена визуелно.
Видеото е создадено за песната на Адел – „Rolling In the Deep“, специјално за публиката со оштетен слух.
Актерите со неверојатна експресивност ги пренесуваат емоциите и ритамот на песната.
Тие дури и ја „пејат“ на американски знаковен јазик, додека текстот светка ритмички на екранот.
Видеото е реализирано од цел тим на професионалци, како зад камерата, така и пред неа.
Овој подвиг е еден од ретките и најуспешни обиди да се приближат луѓето со вродена глувост до светот на музиката.
Погледнете.