Да се поврзеш со природата, да се движиш со вдишување на ветрот, да дишиш во темпото на времето… Нема начин да не го почувствувате тоа додека го гледате овој дом , создаден во калифорнискиот брег на Тихи Океан. Познат е уште како Buck Creek House и е конструиран по идеја на Fougeron Architecture.
Оваа грандиозна куќа располага со неколку спални, пространа дневна соба, трпезарија со кујна и бања. Многу стил и класа ќе видиме во мермерот по подот и во полираното дрво, прелеани во поставата на ентериерот. Стилски контраст на мебелот, футуристички дизајн, гламур и луксуз…
Од секој агол на овој дом се открива прекрасна глетка. Можеме да уживаме во задоволството и да се слееме со хоризонтот на Тихи океан и со убавината на карпестиот брег.Големите прозорци ни обезбедуваат светлина и просторност. Пристапувајки во бањата чувствуваме неповторлива атмосфера, многу шарм и допир со природата. Точно над кадата е лоциран стаклениот таван, во кој можеме да уживаме дури и во ѕвезденото небо. Вистинско задоволство за сетилата.