Неуспешно бричење на босанските граничари

Уставниот суд на Босна и Херцеговина ја поништи измената во Правилникот за носење униформи воведена на 30 јануари 2017-та од страна на директорот за Гранична полиција на БиХ, според која „кога полициските службеници се во униформа, брадата мора да им биде избричена“.

Судот одлучи дека измената не била во склад со босанскиот устав, но се коси и со европските Кконвенции за заштита на човековите права и основни слободи. Со апсолутната забрана за носење брада, според судот, на босанските граничари им е прекршено правото на приватен живот и правото на верска слобода загарантирани со Уставот на БиХ.

Укинувањето на измената „стапува во сила следниот ден по објавувањето во Службен весник“.

- Реклама -