Networking, предавања, панели и забава на едно место – Weekend.17

Никогаш доста од предавања, панели и – забава!

Пред да се посветите на инспиративните предавања, 19 септември, четврток,  резервирајте го за Weekend Fun програмата исполнета со врвна музика и одлична атмосфера. По минатогодишниот незаборавен настап на хрватскиот рапер Грше, оваа година популарниот Сињанец доаѓа со засилување, па ве покануваме да се придружите на партијата „Грше и пријатели“ поддржана од Bumbu Rum Co. Бројните гости кои ќе бидат изненадување со сигурност ќе ве израдуваат, а Грше, познат по своите хитови „Mamma Mia“, „Mangio Pasta“, „SIP“, „Forza“, ќе ја крене атмосферата на уште повисоко ниво! Изненадувањата не завршуваат тука, во сабота, 22 септември, ни доаѓа и Miach со своите хитови „Tempo“, „Trnci“, „SMS“, „Navike“. Хрватската пејачка секојдневно се искачува на топ-листите на слушаност и веруваме дека ни вас нема да ве остави рамнодушни. За петок, 20 септември, да биде уште по спектакуларен, ќе се погрижи CineStar Channels, кој го слави својот 15-ти роденден и го носи светски познатиот холандски DJ и музички продуцент Fedde Le Grand, задолжен за најдобрата забава. Тој е еден од најголемите DJ-и во светот и се прослави во 2006 година со легендарниот хит „Put Your Hands Up For Detroit“ кој нема шанси да не сте го чуле.

Четири фестивали во едно ја носат најбогатата програма досега

Оваа година ве очекуваат дури девет сцени и повеќе од 220 предавачи и панелисти од целиот свет.

Сигурни сме дека сте слушнале за популарните имиња кои доаѓаат на овогодинешниот Weekend, а на  богатиот опус го додаваме и Paula Hancock од CNN, која доаѓа на 10-годишнината на N1 во регионот, како и златната олимпијка Барбара Матиќ, која ќе учествува на панелот „Што кога си најдобар, а не е доволно?“ заедно со освојувачот на сребрен медал на ватерполо репрезентацијата Ивица Туцак и претседателот на управата на Telemach, Адриано Јежина.

Со плаќање со Mastercard картички добивате 10% попуст

Weekend и оваа година е фестивал само за картички, па подгответе ги вашите платежни картички бидејќи плаќањето во угостителските објекти е можно само бесконтактно. Mastercard картичките се примарно (и единствено) средство за плаќање на овогодинешниот Weekend и ви носат 10% попуст на целата сума на сите шанкови во рамките на фестивалот.

За да не мора да одите никаде надвор од старата фабрика за тутун, на Weekend Food Market, поддржан од Aircash, подготвивме разни деликатеси, па не се плашиме дека ќе останете гладни.

Не пропуштајте да бидете дел од Weekend.17, а една влезница овозможува пристап до сите фестивали. Повеќе информации за програмата, котизациите и сместувањето побарајте на официјалните страници, а за полесно снаоѓање на фестивалот, симнете ја апликацијата.

- Реклама -