Нов министер за здравство, откако Венко Филипче си поднесе оставка поради морална одговорност за страотниот пожар во модуларната болница во Тетово која однесе 14 животи, ќе биде д-р Христијан Костов, актуелен директор на ГОБ „8 Септември“ во Скопје, објави „Нетпрес“, повикувајќи се на свои извори.
Според нив, токму Костов ќе биде предлогот на СДСМ.