На изборите во Индија, најголеми досега во светот, учествуваа над 450 партии. Сепак, тоа не го спречило Neetu Shutteran Wala од Џаландар, кој се кандидирал како независен кандидат.
Во интервјуто што се прошири насекаде во Индија, новинарот го најави како „кандидат кој доби само пет гласови“. Вала речиси веднаш се pacплака и потврди: „Да, господине, добив само пет гласови, а имам девет члена во семејството“. Новинарот речиси бeзмилocно констатираше: „Значи, ни вашите најблиски не гласале за вас?“. Кандидатот, меѓутоа, тоа го демантираше, посочувајќи дека се сомнева на изборни нepeгуларности или дефект со машината за гласање.
Како и да е, разочаран од резултатот, Вала најави дека веќе никогаш нема повторно да се кандидира на избори.
Подоцна се покажа дека интервјуто било направено додека сè уште се пребројувале гласовите. По пребројувањето, беше објавено дека Вала собрал 856 гласови, но сосема е можно во моментот на изјавата да имал само пет. Сепак, и неговите 856 гласови претставуваат само 0.08% од поддршката на гласачите, што секако не е причина за преголема радост. Но можеби ќе биде мотив Вала повторно да се кандидира некогаш во иднина. Во коментари веќе му пишуваат: „Со божја помош, следен пат ќе победиш!“.