Несреќата наречена “книги за самопомош”

До овој месец никогаш во животот не сум купувала или читала книга за самопомош. Во многуте години во кои сум сингл, никогаш не ми паднало на памет да барам совети од непознат лик, кој тврди дека бил во иста ситуација како мене, а сега е среќно вљубен во совршен човек единствено заради правилата за додворување, кои тој ги измислил самиот.

618x413

„Мојот катастрофален обид да користам книги за самопомош за да си најдам маж“ – А.С.

Затоа, кога како мајтапчиски подарок пред неколку години ми дадоа книга насловена “Зошто мажите сакаат кучки”, ја фрлив настрана.

Знаев добро дека ако мажите навистина сакаа кучки, јас само сум заглавена меѓу меракликите да се поврзат.

Неодамна, сепак наидов повторно на оваа книга додека нуркав меѓу картони кои ги чував во подрум.

Самото читање на страницата со содржината изгледаше ужасно.

Наслови на глави како “Комплексот мајка / курва”, “Како да го убедите дека ги контролира работите додека ги влече конците” и “15 знаци дека жената е очајна” ме натераа да посакам да се запалам и себе со се книгата.

Час подоцна веќе бев во голема книжарница, застаната во центарот на делот за самопомош.

Книгите за врските во оваа конкретна продавница беа најдолу. Додека се наведнував за да читкам наслови, бев блиску до тоа да паднам на подот во поза на ембрион. Првото нешто што го забележав беше дека секоја една книга беше наменета за жени – што значи дека или ние сме единствениот пол кој верува дека му е потребна помош кога станува збор за изградба на љубовни врски, или сме единствениот пол, кој знае да чита.

Иако секоја од овие книги имаше натпреварувачки наслов, тврдење дека не личи на ниту една друга книга на пазарот, секоја некако беше наменета за истото: жените треба да почитуваат одредени “правила” во процесот на додворување.

Еве еден пример од воопшто не-опширниот наслов на книга “Размислувај како маж: Како да фатиш маж ако размислуваш како него” , и тоа, напишана се разбира од жена. Поздрав Џулијана Депанди.

Еве еден нејзин совет: “Првиот пат кога престојувате кај него, станете порано и избегајте без да кажете збогум или да оставите белешка. Не бидете девојката која го задушува кога ќе се разбуди, барајќи од него да ја одведе на подоцнежен појадок” .

images (1)

И што да правам сега јас што сакам подоцнежни закуски. Сакам пржени јајца.

“Зошто мажите сакаат кучки” на Шери Аргов зборува за начини да избегнете создавање кај мажите на чувство дека се “во рубриката”.

“Кога одите на првиот состанок, кажете му дека не сакате да бидете во сериозна врска “(барем засега)”. Намигнување.

Само сакам да бидам во сериозна врска. Не сакам да лажам. Се што овие книги успеаа да ми откријат е дека постои голем проблем со состојбата на запознавање и врските, и проблемот нема никаква врска со тоа дека жените се премногу очајни; има врска со тоа дека мажите се плашливи слабаци, што пак доведува до шовинистички глупости.

Пишувањето на книги, кои детално ги опишуваат начините на кои жените треба да се ливчиња за оригами, неодреденото и кукавичко однесување – не се решение.

Тоа само ги прави работите уште полоши. Не учат дека нема ништо лошо во ирационалниот страв на мажите од врзување. Само треба да станеме подобри во тоа да ги ловиме во нашите клетки.

selfhelpbook_2785819b

Колку и овие книги да ме тераат да се чувствувам обесхрабрена, конечно најдов две, кои изгледаа пристојно.

“Прво, имајте свој живот, а потоа имајте маж” на Џенифер Бодан и “Заеби ги правилата: водич за љубов без игрички” од Лорен Хаус. Самите наслови укажуваат за некаков обид за кршење на исклишираните глупости кои неволно гo силуваат мозокот да гледа.

Додека ги разгледував, забележав дека тие се концентрираат главно на вежби кои можеби би ми помогнале да се „самообразовам“.

Ги купив и двете книги, надевајќи се дека ќе ми понудат совети кои не се поврзани со поставување на волчји стапици за мажи, иако корицата на книгата на Бодан изгледаше како реклама за некој вид женски козметички производ.

Додека читав, се обидував да претпоставам дали спроведувањето на овие вежби навистина ќе ми помогне во поефикасно запознавање? Имаше само еден начин да дознаам – да ги направам ебаните вежби.

books_1612625c

Средби со самата себе

Ова доаѓа од “Заеби ги правилата” на Лорен Хаус. Таа предлага да посветите барем некој дел од денот на тоа да правите нешто сосема себично, само за самите себе. Нејзините препораки вклучуваат: долго останување во кадата, упис на курс за готвење, туризам, екскурзија.

Таа дури тврди дека себичниот чин на мастурбацијата е форма на тоа да излезете на состанок со самата себе. Ако тоа се брои, значи јас сериозно одам на средби со самата себе долги години, односно апсолутно можам да го пропуштам туризмот.

Според Хаус, средбите со самата себе ќе ме натерале да се чувствувам “сеопфатна”.

Значи можам да влезам во врска, без да ми треба маж кој ќе ме “дополнува”. Чекај сега, сакаш да ми кажеш дека сум не-сеопфатна?

Иако веќе имав чувство дека веќе сум излегувала на многу средби со самата себе, решив сепак да го пробам  тоа со кадата. Не можам да се сетам кога последен сум се заборавила во кадата.

o5LNG

Дури си купив купка за  капење со мирис на лаванда.

Откако кадата беше подготвена, испив чаша вино и се втурнав во жешката вода. Дополнително се замислив што значи да бидеш “сеопфатна”. Во мојата када како од романтични комедии, мислев темелно што точно сакам од една врска – нешто за кое никогаш реално не сум размислувала претходно.

Сакам некој со кој ќе ги минувам ноќите. Некој кој ќе знам дека мисли на мене и ме обожава.

Ги сакам овие работи, бидејќи ги немам, и кога ги имам, навистина ми се допаѓаат. Кога ги сакам, исто така можам да живеам во својот живот сосема беспрекорно и без да го имам сето тоа одеднаш од еден конкретен човек кој јас исто толку ќе го обожавам.

9189_medium

Дали тоа значи дека всушност сум целосно човечко суштество?

Хаус тврди дека добрата врска е таква во која луѓето се “балансираат” меѓусебно. “Секој од вас сам по себе е одличен. Но сте уште поодлични заедно!”

Океј, ајде да им пријдеме токму така. Сакам врска, за да може мојот и без тоа одличен (тука може да се спори) живот да биде уште поодличен. И се сомневам дека оваа вежба ми помогна некако.

Се сакам себе – по пет пати на ден

Откако донекаде разбрав што сакам од една врска, се префрлив на втората задача на Хаус: набројте пет работи кои ви се допаѓаат кај себе, две од нив – физички. Ова треба да го правам секое утро кога ќе се разбудам.

За пет нови работи секој ден.

Во првите неколку дена тоа не беше проблем. Можев да фабрикувам по пет работи секој ден, без да вложувам особени напори. Кон петтиот ден сепак работите почнаа да се одложуваат. Оваа брза вежба почнуваше да голта доста долго време од денот. Кон десеттиот ден бев веќе целосно блокирана. Ги исцрпив комплиментите за себе.

download

Како, по ѓаволите, се очекува да продолжиш да измислуваш нови работи кои ти се допаѓаат кај себе?

Општо земено, не го разбирав значењето од оваа вежба. Хаус тврди дека ако пишувам позитивни нешта за себе, ќе верувам во нив. Сепак задолжителното водење на тоа секојдневно ме натера да се сомневам колку всушност се сакам.

Дали е нормално да имаш што да се пофалиш на десеттиот ден? Доволно ли сум самоуверена? Дали самодовербата е клуч за успешна врска? Оваа вежба ме натера да си поставам повеќе прашања отколку да добијам некакви одговори.

Редица недостатоци

images (2)

Продолжуваме со вежбите во “Прво, имајте свој живот, и потоа имајте маж”.

Слично на Хаус, Боден ве охрабрува да напишете листа на работи кои ви се допаѓаат кај себе, но сака да ги признаете и сопствените недостатоци. На овој начин, пишува таа, ќе бидете охрабрени да се самообразувате и да се “постветите на растот”. Чудно, пишувањето на недостатоците ми беше многу полесно од составувањето на листа на сите мои силни страни.

Ова веројатно не значи ништо толку важно.

Мина малку повеќе од една недела откако составив листа и можам со гордост да кажам дека не сум испраќала пијани СМС пораки.

Но сепак сум се вплеткала во пијана расправија на Facebook што формално не е СМС пораки. Дали се чувствувате како подобро, посоодветно за средби човечко суштество? Ни најмалку. Можеби само ми треба повеќе време во овој аспект.

6d209_What_Women_Want_in_Relationship_4070489924_9dd4aaacdc_m

Што сакам од еден маж?

Откако ги знам сите свои најдобри и најлоши квалитети, сега треба да составам список на сето она што го сакам од потенцијалниот партнер. Боден нагласува дека листата треба да биде “доволно флексибилна за да дозволува варијации”.

Таа, исто така обезбедува примерена листа, кој е долга 5 страници.

Таа го анализира мажот од соништата, разложувајќи го на категории како “карактер”, “индивидуалност”, “меѓучовечки односи” и “изглед”. Потоа таа реди квалитети во секоја категорија и треба да индицирате дали овие конкретни квалитети се потребни, пожелни или неважни.

Физички, вкусот за мажи е разноврсен. Еднакво ми се допаѓаат Брендон Фрејзер Џон Гудман плус различни корејски актери … и Дрејк.

Но како карактер мажите со кои излегувам, обично се прилично слични – имено, не се заинтересирани за мене.

Се наоѓам во ситуација во која редовно излегувам со некој околу еден месец, и едниот од нас се вади. Обично тој.

Направив исцрпна листа и сфатив дека речиси сите мои обележувачи се во средната, “пожелна” категорија.

 Оваа листа ми покажува дека токму како што не бев сигурна што сакам во една врска, не знам, всушност ни што сакам и очекувам од еден маж.

Веројатно ако бидам поконкретна за работите од кои навистина имам потреба и ги сакам од мажот, ќе излегувам поретко со мажи, но оние со кои ќе излегувам, ќе бидат најсоодветни за мене?

Откако ги направив иовие вежби, мора да признаам дека ми помогнаа да разберам некои работи.

Секако, гледајќи го остатокот од двете книги, видов дека Хаус и Боден исто тргнуваат надолу откако започнуваат да даваат совети за состаноци.

Иако насловот на Хаус вели “Заеби ги правилата на состаноци”, таа дава токму такви.

Истото важи и за Боден – и двете ги пишуваат истите глупости како и другите книги за самопомош. Дај му слобода, не биди очајна, секогаш биди дама.

sugar-820x550

На крајот овие книги ми градат перцепција дека има нешто многу погрешно во жените.

Ние премногу емотивно сме приврзани кон мажите чии што пениси дозволуваме да продрат внатре во нас. Премногу се однесуваме како лепливи ливчиња кога сакаме тие да зборуваат со нас. Премногу сме досадни кога сакаме тие да ни кажуваат дека ни се допаѓаат.

И сме премногу доминантни кога им велиме дека грешат за нешто. Мојата одговорност како жена едвај не е да се променам, додека мажите можат да си продолжуваат по старо.

Немам проблем да признаам дека постојат нешта во мене кои треба да се менуваат, но преку глава ми е да се чувствувам како да сум единствената од која се бара тоа.

- Реклама -